ЖКК Куманово единствен кошаркарски прволигаш во градот

Сподели со своите пријатели

Женскиот кошаркарски клуб – ЖКК Куманово 2020 е единствениот преставник на градот кој ќе се натпреварува годинава во Прва кошаркарска лига.

Loading...

Подготовките на ростерот се при крај и првиот офоцијален собир е закажан за 9ти септември кога треба да пристигнат и странските засилувања.

– Минатата сезона нашиот тим ја заврши со шест последователни победи и се надеваме дека така ќе продолжиме и во новата сезона. Екипата е составена претежно од млади кумановки која ќе биде надополнета со 2 или 3 странци, велат од клубот.

Дека клубот годинава ќе атакува на подобар пласман говори и фактот што веќе се обезбедени две Американки, од кои едната е Џезмин Џонсон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

– Сакаме посебно да се заблагодариме на градоначалникот како и на Советот на Општина Куманово кои ни излегоа во пресрет и ќе помогнат во остварувањето на зацртаните цели. Исто така голема благодарност и до сите спонзори кои прифатија да бидат дел од нашиот тим, додаваат од управата на ЖКК Куманово.

Куманово долги години наназад немаше претставник во женската кошарка, а годинава со два машки клуба кои ќе се  натпреваруваат во втората лига, ЖКК останува единствениот кошаркарски прволигаш кој ќе ги брани боите на градот во највисокиот ранг на натпреварувања.

– Не постои ниту една работа која досега се завршила, или пак во иднина ќе се заврши, а да не поминала низ помали или поголеми потешкотии. Акцијата е базичен основ за секој успех. Едноставно да го слушаме гласот на своето срце, и да чекориме напред, не дозволувајќи да пропаднеме во сопствената немоќ, па дури и да се бориме во време на невремето. Склотени сите заедно треба да го направиме првиот чекор, а секој нареден оди сам по себе. Но едно да запомниме, не смееме никогаш да се враќаме назад, правилата се едноставни, а сега продолжуваме да чекориме по веќе избраната патека, стои во соопштението од клубот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило

Никола Ивановски

Loading...