Американка доаѓа во Женскиот кошаркарски клуб Куманово

Сподели со своите пријатели

Американката Џезмин Џонсон ќе биде првото поголемо засилување за Женскиот кошаркарски клуб Куманово во пресрет на новата сезона.

Loading...

Станува збор за кошаркарка од Бонафид која со својот стил на игра се споредува со Расел Вестбрук, специјализирана за додавање и жилава одбрана.

Нејзината брзина, долгата рамка, страничната брзина и способноста за скокање ѝ овозможуваат да има огромно влијание врз нејзиниот тим.

Станува збор за 28-годишна кошаркарка која има настапувано за California State University.

Ова е прво странско засилување откако постои Женскиот кошаркарски клуб Куманово кој настапува во Првата женска лига и досега беше исклучиво составен од спортистки од градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

Никола Ивановски