Живиње – Кумановско село основано во праисторијата

Сподели со своите пријатели

Живиње е ридско село на околу трисетина километри од Куманово и едно од постарите села во крајот.

Loading...

Селото се простира на површина од околу 26 километри квадратни, покриени со 1.680 хектари обработливо земјоделско земјиште. Останатиот дел се околу 1.000 хектари пасишта и нешто над 300 хектари шума.

Историја на Живиње

Подрачјето на Живиње е населено уште од бронзеното време, за што сведочат наодите од месноста Островица на 5 км североисточно од селото.

Таму се пронајдени неколку питоси со праисториски одлики.

Во селото се наоѓа и средновековна црква „Света Петка“.

 

Живиње

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на Валмир Азири во Куманово

И ова село брзо се празни

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Живиње живееле 275 жители.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 320 Македонци.

Според пописот од 2021 година, селото има само 19 мештани, од кои 11 мажи и осум жени, кои живеат во седум различни домаќинства.

Живиње во 2021 година било дом на три деца, од кои две девојчиња и едно момче кои тогаш имале од 10 до 14 години, како и на едно момче во своите тогаш рани дваесети години од животот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре голем број локации во Куманово

Селото имало и две лица во триесетите и две лица во своите четириесети години од животот.