Жителите на село Романовце со блокада побараа асфалтирање на локалниот пат

Сподели со своите пријатели

Револтирани жители на село Романовце, денеска го блокираа локалниот пат, во обид да добијат одговор за тоа кога ќе биде завршено асфалтирањето на тој дел од патот, поточно влезот во ова кумановско село.

Loading...

11806701_10206168149756034_904161808_o

Според, претседателот на месната заедница Орхан Ахмети, проблемот посебно е изразен во зимските периоди, кога возењето е отежнато, а возачите ги оштетуваат своите автомобили и го загрозуваат сопствениот живот.

Кога врне дожд, на одредени места се собира вода, па еден од главните патишта кои водат кон селото е целосно непроодлив, а во летните периоди се крева прашина која се разнесува низ целото село, вели Ахмети.

На денешниот протест, жителите на Романовце за блокада на патот ги користеа своите возила и земјоделски машини. Освен возилата на итна медицинска помош и ТППЕ Куманово, целиот сообраќај беше закочен.

Како што велат, жителите се одлучиле на ваков чекор откако на неколку наврати им било ветено дека ќе добијат асфалт, но, без реализација, реагираат од селскиот одбор.

– Денеска ветуваат, утре забораваат. Имаме и писмо пуштено пред година ипол за овој нецел километар асфалт. Блокираме поради оштетувањето на земјоделските артикли и прашината којашто многу се крева и пречи на селото, автопатот и зеленчукот. Усмено имаме одговор, но не и писмено. Ветуваат дека ќе биде решен проблемот, изјави Ахмети, претседател на М.З. Романовце.

Жителите на Романовце потврдија дека неколку пати побарале од градежната фирма „Бетон“ да го асфалтира патот, но на нивните писмени барања немало одговор.

– Јас два пати имам плаќано машина да го исчисти од вода. Кога ќе заврне се собира по пола метар вода. Во зима со лопата го чистев за да не се задржува вода. Договорот беше да го асфалтират малиот дел кога ќе се затопли времето. Самите гледате каков е патот, во 21ви век живееме, а по ваков пат се движиме, изјави Раде Пандиловски.

Жителите на Романовце нагласија дека патот ќе го блокираат се додека не добијат писмено одобрување на нивното барање за асфалтирање на патот кој води кон селото.

Loading...