Жител на Старо Нагоричане се движел во полициски час, доби кривична

Сподели со своите пријатели

Жител на Старо Нагоричане доби кривична пријава од полицијата во Свети Николе затоа што го прекршил полицискиот час.

Loading...

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против Д.Ѓ.(35) од с.Старо Нагоричане, кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 22.03.2021 во 00.20 часот на регионалниот пат кај место викано „Мездра“ во Свети Николе, Д.Ѓ. бил забележан како се движи со патничко возило „опел“ и при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека не поседувал дозвола за движење за време на мерката, со која се забранува движење во временски период од 22.00 часот до 05.00 часот, со цел спречување на ширење на вирусот ковид-19.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *