Жетвата во кумановско без проблеми и според предвидената динамика

Сподели со своите пријатели

Непречено се одвива жетвата во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, собрани се 90 отсто од вкупно посените 8.713 хектари јачмен, ожнеани се половина од 12.820 хектари пченица, а земјоделците од трите општини целосно ги ожнеале и површинтие под овес, вкупно 901 хектар.

Проценките од терен велат дека условите за развој на есенските жита се поволни и се очекува подобар и поквалитетен принос во однос на претходните години.

Досегашниот тек на жетвата се одвива без прекини, на нивите има доволно механизација и ако се оди според ова темпо се очекува жетвата да заврши наврме, изјави раководителот на Подрачната единица Насер Даути.

Приносот кај јачемнот е четири до 4,5 тони на хектар, додека кај пченицата од 3,5 до четири тони на хектар. Повисок е кај земјоделските претпријатија кои ги применуваат агротехничките мерки, до шест тони на хектар.

Преземено од : sitel.com.mk

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.