Женско лице е обвинето за продажба на стан во Куманово на две лица

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј. (73) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама“.

Loading...

Пријавената, на 19.08.2013 година, со Е.Н. (37) од Куманово склучила преддоговор за купопродажба на недвижен имот – стан за сума од 2.020.890 денари.

На 03.01.2015 година, пријавената склучила нов преддоговор за купопродажба на истиот стан со В.К., кој и уплатил 2.059.020 денари. Пријавената на Е.Н. и вратила и исплатила износ од 1.450.000 денари, додека останатите 480.000 денари ги нема вратено држејќи ја Е.Н во заблуда.