Жените во Унгарија ќе мора да слушаат чукањето на срцето на фетусот пред да направат абортус

Сподели со своите пријатели

Жените кои сакаат да абортираат во Унгарија мора, во согласност со новото правило, да го слушаат чукањето на срцето на плодот пред да ја извршат процедурата.

Loading...

Во официјалниот унгарски весник во понеделникот вечерта се појави правен проглас со кој се наложува исполнување на наредбата на министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер.

Во него се наведува дека, кога аплицира за абортус, жената мора да приложи лекарско уверение во кое се наведува дека „јасно и се претставени факторите што укажуваат на постоење на витални функции на ембрионот“.

Според локалните медиуми, законската формулација, која дури и звучи несмасно на унгарски, значи дека жените мора да го слушаат чукањето на срцето на ембрионот пред да направат абортус.

Регулативата стапува на сила во четврток.

Во Унгарија има ограничено време за абортус.

Жените може да ја прекинат бременоста до 12-та недела доколку кажат дека минуваат низ лична криза.

Жестока критика

Премиерот Виктор Орбан, кој е на власт од 2010 година, сака да се претставува како поддржувач на христијанските вредности и идеали на традиционалното семејство.

Loading...

Во исто време, овој десничарски популист е свесен за фактот дека поопсежна забрана за абортус, како во Полска, со која владеат екстремно десничарски националисти, би бил крајно непопуларен потег во неговата земја.

Организациите за одбрана на женските права во Унгарија велат дека најновото заострување на правилата само го зголемува притисокот врз жените кои и онака се во исклучително тешка ситуација поради несакана бременост.

Идејата да се направи задолжително слушање на отчукувањата на срцето на фетусот како услов за прекинување на бременоста првично беше предложена од екстремно десничарската партија Ми Хазанк (Нашата татковина).

Таа група првпат влезе во парламентот по изборите во април минатата година. Иако е дел од опозицијата, сепак ја има поддршката од провладините медиуми.