Жените против стресот се борат со прејадување, а мажите?

Сподели со своите пријатели

Резултатите од едно неодамнешно истражување од Универзитетот „College“ во Лондон покажале дека жените сакаат тагата да ја лечат со храна, додека мажите со гледање порно филмови или да имаат сексуални односи за да се чувствуваат подобро.

Loading...

Како се носат со стресот и што прават кога сакаат да се опуштат во рамките на истражувањето одговарале 115 мажи и 250 жени. Утврдено било дека 51% од жените за смирување користат храна, а истото го прават 31% од мажите.

Умерената консумација црно вино ја зголемува плодноста кај жените

Потребата за прејадување е поврзана со надбубрежната жлезда и ослободување на кортизор, хормон на стресот. Кога сме под стрес, надбубрежните жлезди ослободуваат кортизол, а тој го зголемува апетитот.

Од друга страна, истражувањето покажало дека 27% од мажите би имале сексуални односи. Исто тоа го потврдиле само 11% од жените. Ова истражување потврдило дека жените сакаат храна, а мажите секс.

Поголемиот дел од жените незадоволни од своите гради, но тоа влијае на нивното здравје

Сексот за мажите е бегство од било какви проблеми кои ги имаат во даден момент, тоа е ескапизам. Постојат ендорфини кои се ослободуваат за време на сексот, поради што настанува и чувството на сигурност кое може да дејствува како лек – рекол раководителот на истражувањето Џон Бери.

Leave a Reply