Жена повредена во сообраќајка на улицата „Иво Лола Рибар“

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18,40 часот во Куманово на улицата „Иво Лола Рибар“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Пежо 306“ со кумановски регистерски ознаки управувано од М.Ј. (63) од Куманово удрило во пешак – Р.С. (63) од Куманово, која што се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа Болница-Куманово каде била задржана на понатамошно лекување.

Увид извршила увидна екипа од ПС за Безбедност на патниот сообраќај-Куманово.