Жена и дете ранети на училиште во Германија

Сподели со своите пријатели

Жена и дете се повредени денеска во сѐ уште неразјаснет инцидент во основно училиште во градот Еслинген во југозападна Германија, соопшти полицијата на таа земја.

Loading...

Полицијата соопшти дека сѐ уште трага по осомничениот извршител на нападот во град во близина на Штутгарт, а во потрагата бил користен и хеликоптер, пренесува АП.

Засега не е јасно дали жртвите се повредени во училиште или надвор, а не е утврден ниту мотивот за нападот.

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот бил маж вооружен со нож, но полицијата засега не ја потврдила таа информација, наведува АП.