Жена е уапсена на Крим под сомнение дека подготвувала терористички напад

Сподели со своите пријатели

Жена осомничена дека подготвувала терористички напад на железницата, наводно по наредба на украинските специјални служби, е уапсена на Крим, соопшти денеска Центарот за односи со јавноста на руската разузнавачка и безбедносна служба (ФСБ).

Loading...

„Поради преземените мерки во Симферопол, приведена е руска државјанка, родена 1999 година, кој по наредба на украинските специјалци се подготвувала да изврши терористички напад со палење на релејниот кабинет на Кримската железница, со цел да се наруши воениот сообраќај“, се вели во соопштението.

Од уапсената се запленети домашни запаливи средства и „комуникациски уреди кои содржеле преписка со украинскиот координатор во која се зборувало за планирано злосторство“, соопшти разузнавачката служба.

Истражниот оддел на Дирекцијата на ФСБ за Крим и Севастопол отвори кривично дело за подготовка на терористички напад според Кривичниот законик на Русија, пренесува Интерфакс.

Од ФСБ додаваат дека е документирано и „учество во велепредавство“ на обвинетиот, што според законот предвидува доживотна казна затвор.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.