Железничката станица во Израел ќе го носи името на Доналд Трамп

Сподели со своите пријатели

Во знак на благодарност што го признал Ерусалим како галвен град на Израел, Израелците планираат железничката станица крај „Ѕидот на плачот“ во Ерусалим да ја наречат по претседателот на САД, Доналд Трамп.

Изградбата на станицата се планриа во еверјскиот кварт на Стариот град.

Израелскиот министер за транспорт Јисраел Кац објаснил дека одлучиле да покажат почитување кон Трамп на овој начин по одлуката САД да го признае Ерусалим како главен град на Израел и на крајот да ја преместат амбасадата од Тел Авив во овој град.

Станицата Доналд Трамп, како што ја нарекол министерот, е една од двете кои се предложени за проширување на пругата чија изградба се приближува на крајот, а која води од Тел Авив до запданиот влез на Ерусалим преку меѓународниот аеродром „Бен Гурион“.