ЖАЛНО: Момче (2) почина откако изеде нешто што сите го имаме во нашите домови!! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Детето крварело до смрт откако проголтало батерија од далечинскиот управувач што му ги изгорело органите. Џонатан Хаф (2), првично имал повремено крварење од носот и треска. Но, по две посети на лекар, момчето започнало да повраќа огромна количина на крв, а потоа се онесвестило дома. Неговиот татко, кој е болничар, започнал да прави компресија на градите, но детето трагично починало во болницата.

Loading...

Извештајот за обдукција подоцна открил батерија во цревата на детето, за која неговата мајка мислела дека е од далечински управувач.

Далечинскиот управувач е на дофат на раката и е најопасниот уред за мали деца!

– Капакот на задниот дел може лесно да се отвори. После тоа што се случи, ги покривме сите отвори со лента од лепак. Не можам да го вратам Џонатан, но можам даги посоветувам родителите, а тоа е да ги прегледаат нивните куќи и да ги осигураат далечинските управувачи од децата – вели неговата мајка.

Мајката на Џонатан опиша како малото дете ја проголтало батеријата. -До ручекот беше добро, но воспитувачките во градинката забележале дека почнал да крвари од носот, а попладнето почнал и да повраќа. Болничарите заклучиле дека крвта од неговиот нос тече низ грлото, го иритира стомакот и тоа предизвикува повраќање.

https://youtu.be/g2WWmVmgibE

 

Немаше батерија на рентген снимката!

Loading...

Следниот ден, момчето било добро, но вечерта добило треска. Го однеле на педијатар, направиле тест за коронавирус и скенинг на градите за да се исклучи можноста за воспаление на белите дробови, бил испратен дома и се верувало дека боледува од обична инфекција наречена бронхитис. Немало батерија на рентген снимката. Објаснувањето е дека во тоа време батеријата веќе била во стомакот. Момчето било вратено дома, го гледал своето омилено шоу навечер, но наутро неговата состојба одеднаш се влошила и покрај големиот напор на неговиот татко да го реанимира, момчето починало.

Leave a Reply