Жаклина Јовановска ќе добие поддршка од Заев за втор мандат во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Актуелната градоначалничка на општината Старо Нагоричане Жаклина Јовановска ќе ја добие поддршката од лидерот на СДСМ, Зоран Заев за трка за втор мандат на претстојните локални избори што треба да се одржат наесен.

Loading...

 

 

Денеска на прес конференција премиерот Заев изјави дека ќе застане зад кандидатурите на неколку актуелни градоначалници, а ги истакна општините Валандово, Богданци, Конче, Кочани, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово-Ростуша, Демир Капија и Штип.

Заев не го спомена Куманово, но ниту една од поголемите општините во државата.

– СДСМ секогаш го слуша гласот на народот и сите што биле добри и служеле добро имаат најголеми шанси повторно да бидат кандидати. Онаму каде што граѓаните не се задоволни ќе има нови. Јас лично ќе застанам зад неколку кандидати, но тоа не значи дека ќе бидат избрани, тоа ќе биде заедничка одлука на органите и телата на партијата, ова е само мој личен став, изјави Заев.

 

Loading...

 

Како што појасни премиерот, селекцијата на кандидатите и процедурата ќе отпочнат во мај и јуни, а потоа одлуката ќе ја носат органите на партијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply