Зголемено нивото на водата во акумулациите Глажња и Липково

Сподели со своите пријатели

Во браните има доволна количина вода и граѓаните не треба да бидат загрижени, уверуваат надлежните од Водостопанство Кумановско липковско поле.

Loading...

Оттаму информираат дека по врнежите е евидентирано зголемување на нивото на водата во Глажња и Липково.

Последните мерења на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ покажуваат зголемување на нивото на водата на браните Глажња и Липково.

По врнежите е регистирано зголемување од еден милион и триста илјади метри кубни вода, а очекувањата се дека  водата ќе расте и наредниот период, велат надлежните од ова претпријатие.

-Топењето на снегот е во континуитет во последнава недела така што мислиме дека со дотопување на снегот во планинскиот регион очекуваме зголемување на водата за уште милион и пол метри кубни во наредниот период. Во липковскиот регион имаше поголеми врнежи од дожд и снег така што мислиме дека за едно-две недели ќе имаме дополнителни околу два и пол милиони метри кубни вода-нагласи директорот на Кумановско-липковско поле, Оливер Илиевски.

Согласно ова, Илиевски, вели дека граѓаните не треба да бидат загрижени, бидејќи има доволна количина вода за претстојната сезона.

Loading...

-Сега во моментов во браните Глажња и Липково има околу 10 милиони метри кубни вода, а годишна потрошувачка на вода во Куманово има околу 7 и пол до 8 милиони метри кубни вода, така што не треба да има загриженост кај граѓаните-дополни тој.

Водостопанство „Кумановско- липковско поле“ од неодамна започна со чистење на речното корито на Којнарка во должина од три километри. Акцијата се спроведува со поддршка на АД Водостопанство до Скопје.

Е.Г.

Leave a Reply