Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица

Сподели со своите пријатели

На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, но без подолги чекања, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Loading...

Оттаму информираат дека и интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.

Поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид кај Извор, денес сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 16:00 и 17:00 часот.