18.11.2017 11:21

Зголемен водостојот на дел од реките и на Дојранското Езеро


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира повисоки водостои во однос на просекот за ноември на Вардар кај Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија,  како и на Брегалница кај Берово.

Значително е зголемен водостојот на Дојранското езеро, додека нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се во рамки на просекот.

Под просекот за ноември се нивоата на Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска бања, Крива река кај Крива Паланка, Црна река кај Новаци и  Црн Дрим кај Ложани.

Извор: МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments