Зголемен бројот на нови австриски државјани

Сподели со своите пријатели

Во првите три квартали од годинава австриско државјанство добиле 11.155 граѓани, што споредено со истиот период лани е раст од 45,3 отсто.

Loading...

Околу 30 отсто од новите граѓани се потомци на жртвите на нацизмот, на кои со новиот закон им е овозможено да добијат австриско државјанство.

– За зголемувањето на бројот на грантови за државјанства придонеле првенствено жртвите на нацизмот и нивните потомци – објасни директорот на Заводот за статистика на Австрија, Тобијас Томас.

Лицата кои биле политички прогонувани за време на нацистичкиот режим и нивните потомци добиле можност да земат австриски пасош без да мора да се откажат од своето сегашно државјанство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Оваа можност годинава ја искористиле 3.022 лица, од кои 2.992 живеат во странство, пред се во Израел, САД и Велика Британија.

Врз основа на долготраен престој во Австрија, државјанство добиле 8.133 лица, меѓу кои предничат Сиријците (834), Турците (810) и државјаните со потекло од Босна и Херцеговина (614).

Во изминатите години водеа граѓаните на Босна и Херцеговина, но сега ги претекнаа Сиријците кои дојдоа во Австрија во големиот мигрантски бран во 2015 година.

Според статистичките податоци, четвртина од новите граѓани се родени во Австрија.

Loading...