Жена тешко повредена во сообраќајна незгода во с. Доброшане

Сподели со своите пријатели

Како што информира Службата за итна медицинска помош од Куманово во текот на изминатите 24 часа бележи една потешка интервенција на сообракајна незгода која се случила во селото Доброшан.

Loading...

Во сообраќајната незгода со сериозни телесни повреди нанесени од страна на патничко моторно возило се здобило едно лице, кое поради сериозноста на повредите веднаш со возило на Итната медицинска помош е пренесено на клиниките во Скопје.

Освен информацијата дека станува збор за женско лице, засега нема други информации поврзани со случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.