Земјотрес во Иран, најмалку 276 повредени

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северозападниот дел на Иран, а државната телевизија и медицинските власти во областа соопштија дека најмалку 276 лица се повредени.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хови во Западен Азербејџан.

 

 

Итната медицинска помош во Хови соопшти дека „досега се повредени 276 лица, од кои 68 се хоспитализирани поради помали скршеници“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел планирал многу поголем напад врз Иран, зошто се откажал?

Земјотресот се случил на околу 12 километри од Хови, на длабочина од 10 километри, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) претходно објави дека земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтер се случил во близина на ерменско-азербејџанско-иранската граница.

Loading...