Земјотрес утринава во Македонија

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 19.04.2023 година регистрираше земјотрес 74 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Loading...

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 4 часот и 22 минути со Рихтерова локална магнитуда M L 2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.