Земјотрес утринава почувствуван во Македонија

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава во 06 часот и 25 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 175 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија.

Loading...

Како што информираат од опсерваторијата, Рихтерова магнитуда на земјотресот изнесува 4.9.

– Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид, Струга, Битола Ресен и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, стои во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Во Скопје земјотресот бил почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.

Leave a Reply