Земјотрес утринава почувствуван во Македонија

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 26 минути регистрираше земјотрес чии епицентар се наоѓа на 120 km југоисточно од Скопје.

Loading...

Земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Струмица.

– Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда M L =2.6, а беше почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината, со интензитет од III степени според Европската  макросеизмичка скала, информира од Институтот.

Leave a Reply