Земјотрес од пет степени ја погоди Турција

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил во морето, во близина на западниот брег на Турција, на длабочина од 10 километри, на 192 километри од Измир, според веб-страницата ЕМСЦ.

Засега нема информации за евентуална штета или жртви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни