Земјотрес ја погоди Русија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Иркутск во Русија, недалеку од Бајкалското Езеро, соопшти републичкиот штаб на Министерството за вонредни ситуации на таа земја, Тас с.

Loading...

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени.

Земјотресот се случил на 33 километри западно од селото Посолскоје. Земјотресот бил почувствуван и во блискиот регион Бурјатија и главниот град на тој регион Улан-Уде.

Кабинетот на градоначалникот на Улан Уде извести дека мобилните тимови почнале да ги проверуваат зградите и станбените објекти, но дека засега нема извештаи за штети или повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Половина Украина без струја: Се воведуваат итни исклучувања