Земјотрес го погоди северниот дел на Чиле

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот регион на Тарапако во Чиле.

Loading...

Земјотресот е регистриран на длабочина од 118 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Националниот сеизмолошки центар на Чиле соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на 37 километри североисточно од Калама, пренесе Ројтерс.

Хидрографската и океанографската служба на чилеанската морнарица соопшти дека нема услови за создавање цунами на чилеанскиот брег.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.