Зеленски: Запленивме руски имот вреден 765 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека руски имот вреден 765 милиони долари веќе е запленет во Украина.

Loading...

„Одржав состанок за политиката на санкции, конфискација на руски имот. Според владини претставници, имотот вреден 28 милијарди гривни (765 милиони долари) е веќе присилно одземен во Украина“, рече Зеленски во изјава објавена на веб-страницата на неговата канцеларија.

Тој додаде дека работата на конфискација на руски имот продолжува и дека се предлага да се конфискува повеќе од 900 предмети на руската држава, пренесува РИА Новости.

„А ако го оцениме имотот не само на терористичката држава, туку и на нејзините жители, тогаш станува збор за 36.000 предмети кои се предмет на конфискација“, додаде Зеленски.

Украинскиот премиер Денис Шмихал претходно изјави дека владата се согласила со декретот на Зеленски за конфискација на руски имот и имот на украинска територија.

Станува збор за 903 објекти, а приходите, како што рече Шмихал, ќе одат за одбрана и обнова на Украина.

Зеленски претходно потпиша закон за присилна конфискација на зградите во сопственост на Руската Федерација и нејзините жители во Украина и се закани дека ќе направи се за да го конфискува имотот на „руските пропагандисти“, без да прецизира за кого станува збор.

Според Бирото за економска безбедност на Украина, веќе се запленети руски и белоруски фондови во вредност од над една милијарда долари.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.