Зеленски упати нов апел до НАТО да ја прими Украина како членка во јули

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска упати нов апел до НАТО да донесе „позитивна политичка одлука“ за кандидатурата на Киев за членство во Алијансата на самитот во јули во Вилнус.

Loading...

„Време е да се отстрани најголемата безбедносна несигурност во Европа – односно да се одобри позитивна политичка одлука за членството на (Украина) во НАТО“, рече Зеленски во видео-обраќањето на Самитот за демократија во Копенхаген, а пренесе Ројтерс.

Зеленски е на турнеја низ европските престолнини за да ја зајакне поддршката на сојузниците за Киев пред очекуваната украинска контраофанзива против руските сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.