Зеленски: Украинската армија постигна голем напредок

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија постигнала голем и брз напредок во борбата против руските сили и дека во изминатата недела ослободила десетици градови на југот и на истокот на земјата.

Loading...

– Само оваа недела, по рускиот псевдореферендум, беа ослободени десетици населени места. Сите тие се наоѓаат во областа Керсон, Харков, Луганск и Доњецк, изјави Зеленски во вторникот вечерта.

Минатиот месец беа одржани референдуми за приклучување на четири региони кон Русија, а Москва ги искористи резултатите од гласањето како основа за припојување на регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Западот го осуди референдумот како наместен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Во своето обраќање Зеленски изјави дека се ослободени осум мали градови на југот на земјата, а на видеото на украинското Министерство за одбрана е прикажано подигнато украинско знаме во Давидив Брид, едно од тие места во регионот Керсон.

Украинските сили повторно зазедоа неколку села во понеделникот во напредување по стратешки важната река Днепро, изјавија украинските власти и шефот на регионот поддржан од Русија.

На истокот од земјата, украинските сили ја проширија својата офанзива откако го зазедоа главното руско упориште во северниот дел на Доњецк, градот Лиман, неколку часа откако Путин минатата недела објави припојување на таа покраина кон Русија.

Руските сили во регионите Доњецк и Херсон беа принудени да се повлечат во последните денови и се чини дека имаат проблем да ја запрат украинската армија, која добива се повеќе опрема од Западот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...