Зеленски: Терористичката држава и нејзините пропагандисти се преправаат дека Соледар е нивен

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање ги исмеа Русите и нивните тврдења дека држат делови од Соледар.

Loading...

Зеленски тврди дека битките во градот во источна Украина сѐ уште траат.

Оваа порака од првиот човек на Украина дојде откако во вторникот озлогласената платеничка група Вагнер објави дека ја презеле контролата над Соледар, а битките се водат само во центарот на градот.

Соледар се наоѓа во близина на Бахмут, град во кој се водат жестоки битки, а градот е познат по своите рудници за сол.

Откако вчера платениците на Вагнер објавија дека го зазеле Соледар, странските медиуми тоа го оценија како прв голем успех на руската армија од летото.

– Терористичката држава и нејзините пропагандисти се обидуваат да се преправаат дека дел од нашиот град Соледар е… некој вид руска сопственост. Сепак, борбите продолжуваат. Одбраната во Доњецката област сѐ уште држи – рече Зеленски.

Инаку, челните луѓе на украинската армија на социјалната мрежа Фејсбук изјавија дека Русите трпат огромни загуби во жестоките битки за Соледар.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...