Зеленски: Светот „за влакно“ избегна нуклеарна катастрофа во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот за малку избегнал нуклеарна катастрофа и дека снабдувањето со електрична енергија од украинската нуклеарна централа Запорожје со часови е прекинато поради руското гранатирање во областа, што Москва го негираше.

Loading...

Зеленски изјави дека вчерашното руско гранатирање предизвикало пожар во блиската термоцентрала, што предизвикало исклучување на реакторскиот комплекс од електричната мрежа, најголемата нуклеарна централа во Европа, пренесува Ројтерс.

„Да не реагираше персоналот на нашата електрана по прекинот на струјата, веќе ќе бевме принудени да се справиме со последиците од радијациската несреќа. Русија ги доведе Украина и сите Европејци во ситуација на чекор од нуклеарна катастрофа“, рече Зеленски во вечерното обраќање.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.