Зеленски: Сакаме победа, моментално нема околности за преговори со Путин

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека неговата земја е решена да победи во војната со Русија и дека во моментов не може да замисли ситуација во која би се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

„Не постојат такви околности што би можеле да разговараме со претседателот на Руската Федерација, бидејќи тој не си стои на зборот. Ние не му веруваме“, рече Зеленски во интервју за американскиот CNN (CNN).

Тој го повтори ставот на Киев дека Русија прво треба да ја напушти територијата на Украина и дека потоа може да се бара формат за организирање дипломатски преговори.

Зеленски најави дека е многу благодарен за посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Киев минатиот месец.

„Тоа е важен сигнал до целиот свет дека САД нѐ поддржуваат. И мислам дека САД веруваат дека ќе победиме“, рече украинскиот претседател.

На прашањето дали очекува САД да испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, Зеленски рече дека прашањето за борбени авиони е тешко и дека Киев „чека да се донесе оваа одлука“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

„Навистина ни треба ова и апелираме до претседателот Бајден САД да започнат со обука на украински пилоти, на што ми рече дека ќе работат. Верувам дека САД ќе ни дадат шанса да го одбраниме нашето небо“, рече Зеленски.

Тој е убеден дека борбените авиони би можеле да одлучат за победата на Украина во војната со Русија, но и дека Бајден и неговите соработници веруваат дека авионите во овој момент не се потребни.

Loading...

Зеленски зборуваше и за повеќемесечните конфликти кои се водат околу Бахмут и изјави дека Киев е цврсто решен да го брани овој град од стратешки причини.

Тој предупреди дека Русија ќе има отворен пат низ источниот дел на земјата доколку го освои Бахмут.

Зеленски рече дека тоа е „тактички важно“ за Украина и изјави дека военото раководство е обединето во својата одлука да ги задржи војниците во градот и да ја прошири одбраната на градот, кој е на работ да падне во рацете на руската армија по месеци на напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме

Зеленски, исто така, го покани претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, да ја посети Украина, со цел од прва рака да дознае за ситуацијата на теренот, што, според Си-Ен-Ен, е покана што доаѓа во време на поделеноста во Републиканската партија околу тоа дали САД треба да продолжат да обезбедуваат помош за земја која е нападната од Русија.

Мекарти изјави за Си-Ен-Ен дека не планира да ја посети Украина и рече дека Бајден не дејствувал доволно брзо за да ѝ помогне на земјата.

Републиканецот од Калифорнија нагласи дека ја поддржува Украина, но не и бланко чек за Киев, пренесува американската телевизија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен им се заблагодари на грузиските граѓани што го носеле знамето на неговата земја за време на демонстрациите во вторник и среда.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што овие денови носат украински знамиња на плоштадите и улиците на Грузија. Сакам да ви се заблагодарам за нашата национална химна што беше пуштена во Тбилиси. Ова е гест на почит кон Украина и сакам да ја изразам мојата искрена почит кон Грузија“, рече тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

Тој најави дека Украина сака членство во Европската унија, но сака и Грузија и Молдавија да бидат таму и дека е убеден дека тоа ќе се случи.

Украинскиот лидер зборуваше и за тоа како тој и неговото семејство се справуваат со војната, која влезе во втората година.

„Ќерка ми се запиша на факултет и таму студира, а син ми оди на училиште во Украина. Двајцата се во земјата. Многу се слични на другите украински деца. Живееме со сирени“, рекол Зеленски.

Тој на крајот рече дека Украина сака војната да заврши и е решена да победи во овој конфликт.

„Сакаме победа. Не сакаме да се навикнуваме на војна, но се навикнавме на предизвици. Сите сакаат една работа, војната да заврши“, нагласи Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.