Зеленски: Руските сили нападнаа повеќе од 50 населени места во Украина

Сподели со своите пријатели

Руските сили нападнаа повеќе од 50 населени места во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави денеска Анадолија.

Loading...

Во редовното обраќање во понеделникот вечерта, Зеленски рече дека руските војници продолжиле да напаѓаат различни области на земјата, но дека Украина возвраќа и постепено оди напред.

„Ние реагираме насекаде. Ги имаме потребните резултати, а беше соборен уште еден руски авион. Се разбира, украинскиот воздушен простор не е целосно безбеден, но напредуваме“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина добила нови системи кои значително ќе ја зајакнат украинската воздушна одбрана.

Зеленски рече дека на фронтот, украинските сили се во „состојба на активна одбрана“ и дека во некои делови на истокот и југот тие „постепено го потиснуваат непријателот“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.