Зеленски: Русија не бара мир, туку одмор за обновување на силата

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, оцени дека Русија сега бара кратко примирје, за да ги обнови силите, бидејќи, како што тврди, нема да успее да ја заврши војната на сегашниот начин.

Loading...

Во видео-обраќање до учесниците на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс, Зеленски рече дека Русија сега бара пауза за обнова на своите сили, пренесува Укринформ.

– Некој можеби ќе го нарече крај на војната, но таквото одморање само ќе ја влоши ситуацијата – смета Зеленски.

Тој нагласи дека секоја помисла за отстапување на украинската територија или суверенитет не може да се смета за мир.

– Неморалните компромиси ќе доведат до ново крвопролевање. Вистинскиот, траен и искрен мир може да биде само резултат на целосно уништување на руската агресија – рече Зеленски.