Зеленски: Русија мора да сноси одговорност за теророт во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во петокот дека Русија мора „да сноси одговорност“ за „актите на терор“ во украинската нуклеарна централа Запорожје, која беше окупирана од руската војска и беше цел на напад за кој Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат.

Loading...

„Денес окупаторите создадоа уште една многу ризична ситуација за цела Европа. Тие двапати ја погодија нуклеарната централа Запорожје, најголемата на нашиот континент“, рече Зеленски во дневното видео обраќање.

„Секое бомбардирање на таа локација е бесрамно злосторство, акт на терор. Русија мора да сноси одговорност за создавање закана за нуклеарната централа“, изјави претседателот на Украина.

Во нападот на нуклеарната централа биле оштетени високонапонски водови, поради што еден од реакторите бил исклучен.

МААЕ во вторникот предупреди дека ситуацијата во нуклеарната централа е нестабилна и „секој ден поопасна“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.