Зеленски предложи воведување закон за „повеќекратно државјанство“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека поднесува нацрт-закон со кој на украинските граѓани им се овозможува „повеќекратно државјанство“, односно можност Украинците или нивните потомци во светот да можат да бараат и украинско државјанство покрај она што веќе го поседуваат.

Loading...

„Тоа ќе им овозможи на сите етнички Украинци и нивните потомци од целиот свет да имаат наше државјанство. Се разбира, освен граѓаните на земјата агресор. Сите оние кои беа принудени да ја напуштат својата татковина за време на различни емигрантски бранови и завршија во Европа, САД, Канада, азиските и латиноамериканските земји“, рече Зеленски, според Гардијан.

Тој посочи дека таков закон ќе важи и за оние кои доброволно се борат на страната на Украина во војната против Русија.

„Сите оние кои ни помагаат и покрај тоа што се стотици и илјадници километри оддалечени од својата татковина. Странски доброволци кои кренаа оружје за да ја одбранат Украина, сите оние кои се борат за слободата на Украина како да е нивна татковина. Украина ќе им стане тоа“, рече Зеленски во видеото што го објави на својот профил на мрежата Х по повод Денот на единството на Украина.

„Кога сите Украинци се држат за рака, нема да бидат подготвени да се предадат. Сите се бориме. И денес тоа важи не само на двата брега на реките Днепар. Денес, единството на Украинците ги опфаќа двете хемисфери на Земјата. Само силните Украинци можат да бидат обединети. И само обединети Украинци можат да бидат силни. Украинците ширум светот“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.