Зеленски по разговорот со Бајден: Ги усогласивме нашите ставови со САД

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден по разговорите со лидерите на Турција и Франција, Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон, истиот ден.

Loading...

– Постојано работиме со партнери – рече Зеленски во ноќното видео обраќање, наведувајќи дека следната недела очекува некои „важни резултати“ по серијата меѓународни состаноци кои ќе се занимаваат со ситуацијата во Украина, пренесува Ројтерс.

– Состанокот на Г7 ќе се одржи денеска и ќе учествува Украина, а ние штотуку ги договоривме нашите позиции со САД – најави тој по разговорот со Бајден.

Зеленски изјави дека со американскиот претседател разговарал за потребата на Украина од ефективни системи за противвоздушна одбрана за заштита на населението.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе одржи онлајн состанок со лидерите на Г7 и министрите за надворешни работи на ЕУ, во обид да се договорат нови санкции против Русија и Иран, како и испраќање дополнителна помош или оружје за Украина.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен изјави дека помошта на Вашингтон за Украина досега надминала 50 милијарди долари и дека ќе продолжи „се додека е потребна“.

Таа повтори дека завршувањето на војната е најдоброто нешто што Америка може да го направи за глобалната економија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...