Зеленски: Ослободени над 30 населени места во Харков

Сподели со своите пријатели

Украинските сили ослободија повеќе од 30 населени места во регионот Харков за време на контраофанзивата против Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

Во видео-обраќање тој рече и дека силите успешно ги продолжуваат операциите во повеќе области.

Москва испрати засилување во регионот Харков, според извештаите на руските медиуми, откако првата голема контраофанзива на Украина од пролетта постигна големи територијални придобивки оваа недела, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои делови на Украина сака Путин да ги припои кон Русија?

Се потсетува дека украинската контраофанзива се очекуваше во областа Керсон, на југот на земјата, а се движеше кон Харков, на североисток, што ги изненади сите, вклучително и руските сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.