Зеленски: „Не гледам причина зошто западните земји da не испорачуваат тенкови на Киев“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека не гледа причина зошто западните партнери да не ја снабдуваат Украина со тенкови.

Loading...

– Ќе добиеме повеќе оклопни возила, вклучително и лесни тенкови од француско производство. Испраќа јасен сигнал до сите наши партнери: нема рационална причина зошто западните тенкови сѐ уште не се испорачани на Украина – рече Зеленски, пренесува ТАС.

По денешниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, Зеленски потврди дека Киев ќе добие француски лесни тенкови.

Повикувајќи се на Елисејската палата, Ројтерс претходно објави дека Макрон ветил дека ќе испорача лесни тенкови од типот AMKS-10 RC на Украина.

Во меѓувреме, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц за неговата неподготвеност да го снабдува Киев со тенкови.

Данилов рече дека „Шолц може да продолжи да игра ако сака Германците да се борат во германски тенкови во Берлин и Штутгарт“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.