Зеленски: Нападите се многу силни, но доминира украинската сила

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека руските војници со сите сили се обидуваат да ги запрат одбранбените сили на Украина, но дека украинските бранители доминираат.

Loading...

Ова го изјави Зеленски во својата вечерна видео порака.

– Нападите се многу силни. Во правец на Купјанск, Лиман, Бахмут, Маринка, Авдејевка. Јужен правец. Секаде е тешко. Но, што и да прави непријателот, доминира украинската сила – рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува Униан.

Тој додаде дека Украина работи на тоа да има повеќе системи за противвоздушна одбрана и дека тоа е задача на секој нејзин амбасадор и претставник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.