Зеленски на Змискиот остров: „Дефинитивно ќе победиме“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Змискиот остров и рече дека Русија никогаш нема да успее да ја окупира Украина.

Loading...

– Денеска сме на Змискиот остров – на нашиот Змиски остров, кој окупаторот никогаш нема да го освои, како и цела Украина бидејќи ние сме земја на храбрите – рече Зеленски.

– Денеска овде им оддадовме почит на нашите украински херои – сите војници кои се бореа за овој остров, кои го ослободија. И иако тоа е мало парче земја среде нашето Црно Море, тоа е одличен доказ дека Украина ќе си го врати секој дел од својата територија – рече Зеленски и додаде:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин ги повика руските дипломати да се борат против фалсификувањето на историјата и русофобијата

– Сакам да се заблагодарам – од овде, од ова место на победа – на секој наш војник за овие 500 дена.

Украинскиот претседател потоа им се заблагодари на сите кои се борат за Украина.

– Нашите вооружени сили, нашата разузнавачка служба, Националната гарда, нашите граничари, Службата за безбедност на Украина, Националната полиција, нашите офицери за врска, нашиот народ… Ви благодариме! Благодарност до сите што се борат за Украина! – рече Зеленски и додаде:

– А слободата што сите наши херои од различни времиња ја посакуваа за Украина и која мора веднаш да се добие, нека биде почит за сите оние кои ги дадоа своите животи за Украина. Дефинитивно ќе победиме! Сигурно!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си ја прифати поканата на Русија да присуствува на прославите на Денот на победата

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.