Зеленски: На Европа ѝ треба сопствен одбранбен систем против балистички ракети

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Европа мора да развие сопствен одбранбен систем за балистички проектили, наведувајќи дека Украина веќе преговара со неколку земји за нејзино формирање и дека таков систем може да биде изграден во рок од една година.

„Верувам дека треба да имаме европски систем за антибалистичка одбрана. Веќе разговараме со неколку земји и работиме во таа насока“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека целта е да се изгради таков систем во рок од една година.

Зеленски оцени дека задачата е исклучително сложена, но остварлива, наведувајќи дека за оваа иницијатива веќе разговарал со клучните европски држави, кои не ги именуваше.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел губи клучни сојузници во Европа: Му се закануваат санкции од ЕУ

Одбраната од балистички ракети е еден од најголемите предизвици за Украина во војната со Русија, бидејќи само одредени видови ракети од американскиот систем Патриот можат да пресретнат руски балистички ракети, пишува Ројтерс.

Единствениот европски антибалистички систем, италијанско-францускиот SAMP/T, се произведува во релативно мали количини.

Во меѓувреме, компанијата Фајр Поинт, производител на украинската крстосувачка ракета „Фламинго“, на почетокот на месецов објави дека е во преговори со европските компании за лансирање на нов систем за противвоздушна одбрана до следната година, како поевтина алтернатива на се потешко пристапниот систем Патриот.

Испораките на ракети за системот Патриот се сè поограничени поради нивната широка употреба во Персискиот Залив за одбрана од ирански напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драматична ноќна операција на Украина: Дронови уништија руски бродови на Крим (ВИДЕО)