Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат војната во Русија.
Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на „државата агресор“ ќе бидат казнети, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.
Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи за одбрана на Украина во војната.
На санкционираната листа има 182 компании, меѓу кои и белоруски кои и помагаат на Русија со испораките и три физички лица.
Зеленски, исто така, рече дека Украина работи на тоа другите земји да ги блокираат средствата на овие компании и поединци.
Тој, исто така, им се заблагодари на „сите што помагаат да се зајакнат санкциите против Русија“, како и на истражителите кои откриваат и гонат затајувањето на руските санкции.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.