Зеленски ја распушти делегацијата на Украина во Контакт групата!

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално ја распушти украинската делегација во Трилатералната контакт група, која се обидува да воспостави мир во источна Украина, се вели во декретите објавени денеска на веб-страницата на украинскиот претседател.

Loading...

Благодарение на Контакт групата, која ја сочинуваат претставници на Русија, Украина и ОБСЕ, се водеа преговори на различни нивоа во рамките на Нормандиската четворка, која ја сочинуваат Русија, Украина, Германија и Франција, пренесува ТАСС.

Резултатот беше потпишување на договори за патна карта за мирно решение и прекин на огнот во Донбас во септември 2014 и февруари 2015 година, попознати како договори од Минск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.