Зеленски: Ја кршиме таканаречената втора армија на светот

Сподели со своите пријатели

Москва доживува неуспех во инвазијата на Украина и чувството на пораз расте во Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, одбележувајќи осум месеци од почетокот на војната на 24 февруари.

Loading...

„Украина ја разбива таканаречената втора најсилна армија во светот“, рече Зеленски во своето секојдневно видео обраќање во понеделникот вечерта.

„Чувството на пораз во Русија станува се посилно“, рече Зеленски, додавајќи дека земјата порано била важен политички актер, но дека Москва сега е се поизолирана на меѓународно ниво.

Зеленски истакна дека украинските сили продолжуваат да ја враќаат окупираната територија секој ден.

Целата земја, вклучително и полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, ќе биде ослободен, рече украинскиот претседател, но ги предупреди граѓаните дека „зимата што претстои ќе биде најтешка во нашата историја“ поради штетите предизвикани од Руски напади врз енергетската инфраструктура.на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.