Зеленски до Русите: Спротивставете се на мобилизацијата или предадете се

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги повика Русите да се спротивстават на мобилизацијата, а оние кои веќе се на фронтот да се предадат на вооружените сили на Украина во првата прилика.

Loading...

Во видео обраќањето, кое делумно беше на руски, Зеленски ги повика Русите да не одговараат на мобилизацијата, да бегаат или да се предадат на украинските сили како затвореници во првата прилика, пренесува Укринформ.

Рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација на 21 септември.

Рускиот министер за одбрана Шојгу тогаш најави дека ќе бидат мобилизирани 300.000 резервисти.

Киев, пак, тврди дека Москва ќе мобилизира до милион луѓе, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најголем напад до сега: Русија испука над 700 дронови врз Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.