Зеленски: Да се присили Русија на вистински мировни преговори

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е од витално значење Русија да учествува во, како што рече, вистинските мировни преговори и истакна дека оваа земја има „дестабилизирачко влијание“ за голем број прашања, вклучително и климатските промени.

Loading...

Во понеделникот во видео обраќање, Зеленски го осуди дестабилизирачкото влијание на Русија во време кога светот се соочува со војна, енергетска и прехранбена криза и, како што го нарече, уништување на меѓународните односи какви што ги знаеме, пренесува Ројтерс.

Тој исто така рече дека климатската агенда „навистина страда и дека не може да се стави во мирување“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Сите инволвирани во терористичкиот напад во „Крокус“ мора да бидат казнети

„Значи, секој кој е сериозен за климатскиот план мора да биде сериозен и за потребата веднаш да се запре руската агресија, да се врати нашиот територијален интегритет и да се принуди Русија на вистински мировни преговори“, рече Зеленски.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак во понеделникот изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин.

„Вашингтон пост“ изминатиот викенд објави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го охрабрува украинското раководство да сигнализира отвореност за разговори, според Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.