Зеленски бара од Германците да го спасат Киев

Сподели со своите пријатели

Во телевизиско обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска апелираше до Германија да го спаси главниот град Киев.

Loading...

„Киев порано го нарекуваа „нов Берлин“, тоа се градови со сличен дух, отвореност, емоции, слобода, чесност на луѓето, клубови и забави“, рече Зеленски.

 

На граница со Унгарија уапсена сопругата на поранешен украински пратеник со 30 милиони долари

 

„Сега Киев е затворен. Тивко чека нови сирени за воздушен напад што ќе ги принуди луѓето во засолништа“, додаде украинскиот претседател.

Зеленски објави снимка од 20 секунди од сирената за воздушен напад, велејќи дека Украинците го слушаат тој звук „со часови, денови и недели“.

„Звукот на сирената е нешто со кое Украинците живеат, работат и се обидуваат да спијат. Тие ги лекуваат раните, раѓаат бебиња и умираат“, додаде тој.

Loading...

 

Руски војници пукале врз демонстрантите во Херсон (ВИДЕО)

 

Како што рече Зеленски, и Европа и Германците особено „имаат моќ“ да вршат притисок врз Русија, додавајќи дека без „вашата трговија, вашите компании и банки, Русија нема да има пари да ја финансира оваа војна“.

Тој ги повтори повиците на Украина да ги затвори европските пристаништа за Русија, да се откаже од руските извори на енергија и да го прекине снабдувањето со Русија.

„Сигурен сум дека мирот е можен. Но, треба да работите за да го постигнете тоа. Секој од вас во Германија, во Европа. За Киев повторно да се вика нов Берлин, за нашите улици и плоштади да бидат безбедни како вашите“, рече Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен, а пренесува Танјуг.