Руски војници пукале врз демонстрантите во Херсон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските војници ги растераа демонстрациите во окупираниот град Херсон во јужна Украина, пукајќи во демонстрантите, објавија медиумите.

Loading...

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат демонстранти на градскиот плоштад, додека луѓето трчаат и се слуша автоматски оган, јавува Би-би-си.

Некои извештаи велат дека биле користени и шок бомби.

 

„Газпром“ тврди дека редовно испорачува гас за Европа преку Украина

 

Пријавени се дека се повредени неколку лица.

Во градот редовно се одржуваат протести против окупацијата откако руските трупи ја презедоа власта на почетокот на март.

Loading...

Тој е најголемиот од само неколкуте градови окупирани од руските сили од почетокот на инвазијата минатиот месец.